535
Имајќи ги предвид сѐ почестите барања на ВМРО-ДПМНЕ за измена или укинување на членови од Кривичниот законик, со кои партијата се залага за (ин)директна амнестија и со неа го условува изборот на ДИК и рефрендумот, лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов, предлага решение што ќе ги деблокира процесите, пишува „Дојче веле“.
„За да успее претстојниот референдум поврзан со интеграциите во НАТО и ЕУ, предлагам да се прифати предлогот на опозицијата за амнестија на криминалот, со ново дополнително референдумско прашање: ‘Дали сте за амнестија на функционерите кои ја ограбија Македонија?’ Со вакво прашање се гарантира и излезност и успешност на референдумот“, иронизира Трајанов.