Исчезнаа камерите од судењето за шамарите во Центар, судијата ги бараше низ судот

by fokus

За време на паузата од денешното рочиште по предметот „насилство во Центар“, исчезнаа камерите кои го снимаат судењето. Дека камерите ги нема примети адвокатот на одбраната, Димитар Данков, и се обрати до судијата.

Судечкиот судија Душко Јосифовски рече дека без негова дозвола и знаење камерите се отстранети од судската сала, иако утрото му било пренесено дека камерите во 12 часот се потребни и за друго судење. Рочиштето беше накратко прекинато за да се провери каде исчезнале.

Во отсуство на судијата обвинетите се нашалија за пропустот на судот.

-Ете дојде живот – прокоментира Миле Јанакиески, обвинет во предметот и поранешен министер за транспорт.

Набрзо камерите беа пронајдени. Наводно за друго судење ги позајмила судијката Софија Лаличиќ.

Со видео надзорот се снима судењето за овој предмет по барање на обвинетите.

 

В.В.

Поврзани новости