411
Државјанин на Република Хрватска останал без паричникот во кој имал 2500 евра, 800 хрватски куни, 11.100 српски динари, неколку хрватски банкарски картички, како и други лични документи додека вечерал во ресторан во Тетово со своите деловни пријатели и партнери, информираат од полицијата.
67-годишниот Е.М. вчера вечерта ја пријавил кражбата во полициската станица во Тетово. Според неговото сведоштво, паричникот го ставил во јакна, но по завршување на состанокот забележал дека му го нема.
Поради сомнение дека ја извршило кражбата, по кратко време, едно лице било приведено. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, додаваат од МВР.