Николовски: Никогаш нема да влеземе во ЕУ со овој Договор, Грција нема да дозволи

by fokus

Со овој договор Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ, затоа што Грција тоа никогаш нема да го дозволи, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во вчерашната емисија Клан Дебата, на Телевизија Клан.

-Ние ќе станеме втора Турција, ќе бидеме секогаш во процес на преговори но никогаш нема да станеме членка – истакна Николоски.

Според него Грција согласно Договорот има право да стави вето на отворање на секое следно поглавје во процесот на преговори на Македонија со Европската Унија, доколку е незадоволна од извештаите кои ќе се поднесуваат во јуни и декември секоја година.

–Теоретски Македонија  да прифати се што Грците ќе побараат и дополнително национално да се понижи. Секогаш кога на грчки премиер ќе му е потребно да си го крене рејтингот дома ќе стави блокада на следното поглавје во процесот на преговори со ЕУ што во превод ќе значи дека ние никогаш нема да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ – рече Николоски.

 

 

Поврзани новости