На Заев нема да му биде исполнета желбата јавноста да ја види целата снимка од „Поткуп“

by fokus

Апелациониот суд ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на одлуката на Кривичниот суд видео снимката во случајот „Поткуп“ да биде пуштена во присуство на јавноста. Со одлуката на Апелација јавноста ќе мора да биде исклучена од рочиштето во овој судски предмет кога ќе биде пуштена видео снимката поради која премиерот, Зоран Заев, се товари за поткуп.

Заев претходно бараше јавноста да може да ја види целата снимка, затоа што со емитување на скратената верзија му била нарушена честа и угледот.

Претходно Судот одлучи да го прифати предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев јавноста да присуствува на гледањето на снимките, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни. Обвинителството реагираше на оваа одлука и поднесе жалба затоа што снимката е прибавена преку посебни истражни мерки и како таквa подлежи на класификација.

Поврзани новости