На спомениците осамнаа натписи дека се грчки и бугарски

by fokus

Утринава на спомениците од проектот „Скопје 2014“ осамнаа натписи дека припаѓаат на грчката и на бугарската историја. Акцијата, со која се иронизира Договорот постигнат со Грција, е против СДСМ.

Фотографиите ги објави порталот НетПрес. Инаку Договорот со јужниот сосед предвидува на дел од спомениците да се постават натписи на кои ќе пишува дека се дел од хеленистичката култура.

-На спомениците ќе се стават натписи со појаснување. На пример Воинот на коњ ќе се вика споменик на Александар Македонски со објаснување дека е симбол на хеленскиот антички период и останува како симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција. Истото ќе важи и за споменикот на Филип 2 и Олимпија. Сите споменици ќе бидат обележани во насока на зајакнување на пријателството. Не се срамиме да ги нарекуваме спомениците такви како што се – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по објавување на договорот.

Поврзани новости