Мукоски и Кољо поднесоа барање за амнестија, Нинџа и Василевски ќе поднесат во понеделник

by fokus

Пратеникот Крсто Мукоски и Никола Митревски-Кољо се меѓу петмината обвинети за 27 април кој во петокот поднеле барање за амнестија до Кривичниот суд, согласно новодонесениот Закон за амнестија. Од скопска единица потврдуваат дека петмина обвинети веќе го поднеле барањето за амнестија.

Освен Мукоски и Кољо, амнестија побарале и обвинетите Младен Додевски и Оливер Радулов, обвинет дека како вработен во УБК ги изнел хард дисковите од безбедносните камери во Собранието.

Во понеделник барање за амнестија ќе поднесат и пратеникот Сашо Василевски како и обвинетите Александар Василевски- Нинџа.

Поврзани новости