Мукоски: Денеска се чувствувам како слободен човек

by fokus

Пратеникот Крсто Мукоски, кој со одлука на Кривичниот суд вчера беше амнестиран од обвинението за настаните од 27 април, денеска вели дека се чувствува како слободен човек. Во кратко изјава за „Фокус“ Мукоски рече:

-Се чувствувам денеска како слободен човек и немам ништо повеќе да додам. Не ги следам реакциите кај јавноста, затоа што по цели денови сум во Собрание – рече тој во врска со негодувањето кај дел од јавноста дека со ова правдата нема да биде задоволена.

Мукоски беше обвинет за отворање на вратите во Собранието, поради што и беше овозможено на толпата да влезе внатре. Тој повеќе нема да биде гонет за неговото учество во настаните од упадот на Собранието бидејќи согласно Законот за амнестија, Кривичниот совет на Основниот суд вчера донесе одлука со која се амнестираа 12 обвинети во овој предмет.

Меѓу амнестираните се и останатите петмина пратеници против кои беше поднесено обвинение: Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски.

М.В.

Поврзани новости