Елена Ристеска ќе пее на роденденот на Тоше Проески

by Fokus

Македонската поп пејачка Елена Ристеска ќе настапи на роденденот на поп-иконата Тоше Проески. Таа ќе испее неколку песни во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево на 25 јануари, кога се одбележува неговиот роденден.

„Ја исконтактиравме Елена Ристеска пред извесен период и таа без размислување прифати на нашата покана. Ќе има уште неколку активности за денот на роденденот на Тоше, но некои се уште не се официјализирани“, потврдија од општина Крушево за „Фокус“.

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, на 16-ти октомври, 2007 година на 26-годишна возраст.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости