Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди и дека партијата има информации оти луѓе блиски до првите функционери во Владата знаеле каде ќе поминуваат коридорите 8 и 10-Д и веќе купувале земјише за подоцна да го продаваат поскапо.
Тој сметак дека евентуална меѓународна арбитража за Коридорите 8 и 10-д ќе се одвива според законите на Англија и Велс. Ова е напишано црно на бело во договорот меѓу Бехтел – Енка и Владата. Милошоски во емисијата „Патот кон“ рече дека оваа согласност на Владата е во корист на конзорциумот.
Говорејќи за предложените законски измени поврзани со реализацијата на двата автопата, според Милошоски, ваквите измени не ги забрзуваат работите, туку ги зголемуваат трошоците. Во однос на испраќањето на Договорот со Бехтел – Енка до Јавното обвинителство, Милошоски вели дека тоа се прави со цел Владата да купи време и да избегне негово објавување.