„Македонија на Македонците“ се пееше на Мечкин камен

by fokus

Дел од присутните на Мечкин камен во Крушево ја пееја националистичката песна, „Македонија на Македонците“ која често ја пејат навивачките групи. На Мечкин камен денеска е претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов.

Додека градоначалникот на Крушево положуваше цвеќе пред споменикот, една група луѓе го проследи тоа со извикување и свиркање по што почнаа да пејат: Македонија на Македонците, била секогаш и ќе остане, земјо моја знај, ќе те чуваме, сите душмани ќе ги сотреме“.

 

Поврзани новости