На денешната 27-ма седница на Советот на Град Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ, повторно, без никакво образложение и забелешки, не гласаа и оневозможија донесување на одлуки кои се од витална важност, како за функционирањето на јавните установи и претпријатија во сопственост на Градот, како и одлуки кои се во насока на подобрување на јавниот превоз и амбиентот на воздухот во градот, соопштија од Левица по денешната седница на Град Скопје на која иницијативата на градоначалничката за задолжување со цел набавка на 50 еко автобуси не доби мнозинство гласови.
„Имено, повторно на дневен ред се најде предлог-одлуката со која ќе се овозможи на Градот да набави нови екоавтобуси, кои не само што ќе овозможат подобар и поквалитетен јавен превоз за жителите на Скопје, надминувајќи ја потребата од ангажирање на приватни превозници за вршење на оваа јавна услуга – автобуси кои се под стандардите утврдени од Градот – со овие екоавтобуси ќе се намали и емисијата штетни гасови и на аеро-загадувањето. За жал, советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со негласање, не дозволија оваа одлука да биде донесена.
‼️Дополнително, советниците на ВМРО-ДПМНЕ со истата тактика спречија и поставување на мерна станица за контрола на квалитетот на воздухот во Скопје, во непосредна близина на фабриката „ТИТАН Цементарница Усје„ АД Скопје. Со истата постапка, советниците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможија и ДОНАЦИЈА на информатичка опрема од 100 преносни компјутери на ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци“ – Скопје.
📢 Истовремено, советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за одлука со која се предвидува одржување и сервис на сите возила сопственост на Град Скопје во Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје – Скопје, со што, не само што ќе се овозможеше одржување и сервис на возниот парк на Град Скопје за тој да биде во солидна функционална кондиција на сите возила во сопственост на Град Скопје, вклучувајќи ги и специјалните возила на БППЗ, туку на овој начин одржувањето ќе биде поефикасно, поекономично и пофункционално искористување на сите капацитети и ресурси во надлежност на Град Скопје, наместо тоа да се прави во приватни профитабилни правни лица“, соопштија од Левица.