Универзална сала останува жртва на политички препукувања

by Fokus

Градскиот совет не успеа да се усогласи околу реконструкцијата на Универзална сала. Иницијативата на советничката група на СДСМ Универзална сала да биде отстапена на Владата за да ја доврши реконструкцијата, не го доби потребниот број гласови. Само 15 советници гласаа за овој предлог.

Градоначалничката, Данела Арсовска, рече дека не може да донесе таква одлука и топката ја префрли на Советот.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, не ја прифатија иницијативата бидејќи со нејзино прифаќање, како што рекоа, ќе се прифати и поразот, но и неспособноста на советниците, на градоначалничката и на службите на Градот Скопје.

Наместо за теми од интерес на граѓаните, денешната седница на Советот помина во политички препукувања и меѓусебни обвинувања.

Поврзани новости