378
Пожарот во катедралата Нотр Дам е ставен под контрола во 3 часот утрово, по осумчасовната огнена стихија, соопшти противпожарна служба на Париз.
На социјалните мрежи протекоа првите фотографии од внатрешноста на катедралата, откако пожарот беше ставен под контрола.
Огнот, кој се случи во раните вечерни часови, брзо се распламти, изгоре главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив.
Пожарникарите успеаја да спречат уништување на главната камбанарија и се обиоа да спасат религиозни реликвии и непроценливи уметнички дела.
Во пожарот еден пожарникар е тешко повреден.