Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, објави денеска документ според кој член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е во бизнис релација со актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски.
Според Костадинов во сопственичката структура на Енерготек ДОО Скопје покрај антизападниот лидер Христијан Мицкоски е и членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Димитар Димовски.
„Антинародниот и антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски треба да одговори. Дали Димитар Димовски, еден од сопствениците на „Енерготек ДОО Скопје“, е токму членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, државен советник во Министерството за транспорт и врски? Дали е тоа истиот Димитар Димовски, некогашната десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денес се соочува со бројни судски процеси?“, рече Костадинов.
Како што изјави денеска Костадинов, спрегата помеѓу антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со антинардониот пион Хидро Мицкоски и носителот на криминалите, Никола Груевски е повеќе од очигледна.
„Затоа Хидро Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ доследно ги следат погубните политики на Никола Груевски. Тоа е истата матрица, во ова ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени“, изјави тој.