Кирацовски: Од толпата спремна да убие не спаси Господ и телехранителите на Спасовски и Заев

by fokus

По Талат Џафери и Дамјан Манчевски пред Кривичниот суд за обидот за убиство на Села во Собранието денеска сведочеше и пратеникот Александар Кирацовски.

-Во прес салата влегов пред 19 цасот. Кога стигна најавата од новинарите дека дел од толпата упаднала во Собранието, заедно со неколкумина стоевме на вратата во обид да ги запреме. Кога влегоа се упатив во ќошот каде што беа сите пратеници. Веднаш по нивното влегување се случи првичен хаос, односно удари, пцовки, закани кон сите нас. Толпата наликуваше на бесна орда која буквално имаше за цел да убие некој и во тоа немам дилема – рече Кирацовски кој додаде дека ги спасила само присебноста, обезбедувањето на Оливер Спасовски и на Зоран Заев и Господ.

Тој рече дека му е жал што семејствата на обвинетите го слушаат ова, но посочи дека тоа е вистината.

Пратеникот додаде дека нападите биле постојани, со раце и нозе но и со секакви предмети кои биле во салата.

-Не маваа со копје од знаме, сталаци од компјутери а Горан Мисовски беше ловен со кабли од микрофоните. Села беше удрен со тврд предмет и беше видно повреден. Тој се држеше за главата и во еден момент клечеше позади мене, рече пратеникот.

Тој додаде дека не може да каже точно кој го удрил Села, но можел да каже кој удирал кон сите пратеници.

Сведокот додаде дека имало сериозни закани за убиство упатени кон Села, а и дел од напаѓачите главно биле насочени кон Села.

-Главната цел беа Зоран Заев и Зијадин Села – истакна Кирацовски.

 

Поврзани новости