487
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска не дојде на судењето за случајот „Тенк“ во врска со набавката на луксузниот мерцедес. Нејзините адвокати доставија лекарска потврда за нејзиното отсуство на која стои дека поранешната функционерка е во ризична бременост.
По увидот во лекарското уверение од страна на СЈО, специјалните обвинители побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да и се суди одвоено. На ова барање се противи одбраната
Судот даде пауза од еден час за да одлучи за барањето на СЈО.