МВР соопшти дека го уапсиле Азири на Пулмологија

by fokus 12:16
12:16

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера попладне на Клиниката за пулмологија бил пронајден и приведен 60-годишниот Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“. Поради неговото отсуство вчера во суд не се одржа закажаното рочиште, каде предметот за прв пат пред суд требаше да го застапува Специјалното јавно обвинителство.

Неговиот адвокат соопшти дека Азири е во болница на лекување, поради што не е во можност да присуствува на судењето. Веднаш потоа, околу 16.30 часот, како што велат од полицијата, полициските службеници од  Единицата за Потраги при СВР Скопје во Клинички центар ‘Мајка Тереза“ на Одделот за пулмологија го пронашле и привеле Азири.

„Лицето се бара по потерница од Казнено поправна установа „Затвор Штип“ за доиздржување казна затвор од 6 години и 4 месеци за сторено кривично дело  „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материјали“  по чл.396 ст.2 в.в. со ст.1 од КЗ на РМ“, велат од МВР.

Поврзани новости