Обвинетиот Игор Југ, кој е во притвор веќе една и пол година поради неговото учество во настаните од 27 април, преку стихови и се обрати на хрватската јавност, барајќи поддршка.
Таткото на Игор Југ е Хрват, поради што тој вели дека е македонски и хрватски патриот. Тој често го корегираше судот за време на рочиштата кога наместо Хрват, на него ќе реферираа како на Македонец.
Неговата сопруга се обратила до хрватските медиуми од кои бара да се објави, како што вели, вистината за него. Таа вели дека Игор Југ се наоѓа во катастрофални услови во затворот во Скопје, дека пред година и половина родила девојче која се вика Катарина, и која се уште не го видела својот татко.
„Ова семејство не очекува никаква помош во материјална смисла од Хрватска, туку жали за начинот на кој хрватските медиуми го проследиле случајот во македонското Собрание, не покажувајќи интерес за Игор, кого во Македонија го нарекуваат „хрватскиот националист и усташ“, пишува порталот 7dnevno.
Во текстот е пренесена песна која Игор Југ ја напишал во затвор како порака до Хрватите.
Тој што игра за пари – добива, тој што игра за народот – губи
Ова се зборови на една тврдоглава хрватска будала
Која целиот свој живот веруваше во патриотизам и идеали.
Роден сум во земјата Хрватска далеку
Бог рече: Каде и да си се родил, ти си Хрват, Словенец.
А јас ја заскав Македонија, како прав Македонец.
Дадов за оваа земја се што човек може да даде,
Во неа почива мојот син единец, мојот татко и мојата мајка.
Уште како дете идол ми стана, херој што се викаше Величко
Се нарече себе Владо Черноземски, го негираа историчари лажни,
За мене беше и остана најхрабриот човек на светот.
Во надеж дека хероите се уште постајат, генералот Слободан Прљак
Витез на мојот род и крвта моја, човек со војничка става.
Од чие око блика чест и гордост, пред хашките судии се напи отров и рече:
„Мојата совест е чиста!“