Опозицијата доби пофалби и поздравувања од еврокомесарот, Јоханес Хан, за нејзиното учество во спроведувањето на реформите кои и овозможија на Македонија безусловна препорака за почеток на преговорите. Како што рекоа Хан и премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција опозицијата е заслужна поради нејзиното конструктивно учество.
-Искрено да ви честитам на вас, Владата и опозицијата за овој момент. Конечно тие беа многу сериозни кон поддржувањето на оваа национална цел. Сите овие страни придонесоа до овој момент. Главната опозициска партија е назад во парламентот и очекувам конструктивно учество – рече Хан.
Заев јавно им се заблагодари на сите граѓаните, граѓанскиот сектор и сите политички субјекти во државата за, како што рече, свесноста и одговорноста изминативе месеци кои доведоа до посакуваниот извештај на ЕК.
-Со поддршка на опозицијата донесовме важни законски решенија за незвисноста на сусдство, прфесионални разузнавачки служби, ефикасна администрација. Очекуваме широк граѓански и државен консензус за решавање на спорот со Грција – порача Заев.