Скопјанец починал откако паднал во провалија со автомобилот

by fokus

Еден скопјанец загина, а уште еден е повреден откако вчера „Цитроен Берлинго“ излета од авотпатот Скопје – Велес, веднаш по првиот тунел.

Од МВР велат дека 69. годишниот Н.Т. кој починал на лице место откако изгубил контрола врз возилото и паднале во провалија. Неговиот сопатник, 66. годишниот М.Н. пак, бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ поради телесните повреди.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости