347
Триумфот на ракометниот клуб Вардар го честиташе и осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. „Браво Вардар! Честито шампиони!“, порача Груевски.
„Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите вработени во клубот!
Честитки за огнената публика која ги бодреше! Одамна македонскиот народ немал можност за колективна радост и прослава. Непријатни мигови за оние кои посакуваат распад на клубот а сега мораат да честитаат. Вардар уште еднаш покажа како со многу работа, труд, посветеност, самодоверба, професионален и одговорен пристап, но и со „жар и срце“ може да се успее и да се биде најдобар! Нека продолжат успесите!“, напиша Груевски.