398
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, закупил деловен простор во трговскиот центар „Палома Бјанка“ каде и отворил своја приватна канцеларија. Нема официјално објаснување од партијата зошто Груевски ја отворил оваа канцеларија настрана од партиското седиште.
Просторот во „Палома Бјанка“ го закупил пред неколку месеци иако има канцеларија во „белата палата“. Груевски беше прогласен за почесен претседател од страна на своите сопартијци, но како што велат од таму ретко се појавува во партиското седиште.