Нова средба меѓу Коѕијас и Димитров во Охрид

by fokus

Во четврток на 12 април во Охрид, ќе се одржи нова средба на шефовите на македонската и грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас, според добро избрифирани информации во грчките новинарски кругови.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации министерот за надворешни работи на Грција ќе замине на мини балканска турнеја. Прво ќе го посети Белград, потоа ќе пристигне во Охрид, за на крај да ја посети Приштина.

Ова ќе биде трета средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас за помалку од еден месец.

Како што веќе објави МИА во саботата, според грчките медиуми, доколку има напредок во преговорите, тогаш не е исклучена можноста да има средба и на премиерите на двете земји.

Поврзани новости