739
Фото: Томислав Георгиев
Василичарите и оваа година со политичка сатира за актуелните состојби во државата. Група василичари беа маскирани во Комисија за доделување на нобелова награда, алудирајќи на иницијативата премиерот Заев и неговиот грчки колега да бидат наградени со нобеловата награда за мир поради потпишувањето на Договорот од Преспа.
Но василичарите не му ја доделија наградата на Заев, туку на неговата мајка. „Кај го родив, кај се запустив“ е категоријата во која беше наградена мајката на премиерот.
Во дефилето не беше изоставен ниту претходниот премиер, а сега пребеган осуденик, Никола Груевски. Тој доби нобелова во категоријата „Далечни достигнувања“.