461
Премиерот на Косово Рамуш Харадинај, денес на социјалните мрежи објави дека се сретнал со неговиот колега од, како што пишува, Република Северна Македонија.
-Денеска се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното завршување на Преспанскиот договор, гарантирајќи му на народот и соседната држава јасна евро-атланска перспектива. Косово останува посветено на градење стабилен регион и во тој поглед односите со официјално Скопје се одлични – пишува Харадинај.