444
Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, во завршните зборови во предметот „Тенк“ денеска побара осудителна пресуда за обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Според Фетаи, обвинението докажува дека Јанкуловска ја злоупотребила службената положба и овластување, дека свесно го извршила кривичното дело и дека со умисла го поттикната осудениот Ѓоко Поповски да ја фаворизира фирмата „Макаутостар“ при набавката.
Фетаи побара судот да ги има предвид отежнителните и олеснителните околности при одмерување на казната. Како отежнителни околности наведе дека делото е направено додека Јанкулоска била на функција, а како единствена олеснителна околност од СЈО ја посочија семејната положба.
Фото: Плусинфо