Застрелан 23-годишник, убиецот тврди дека момчето и неговиот татко тргнале по него со секира

by fokus

23-годишно момче загина вчера во Струга застрелан од 22-годишник. Како што велат од полицијата настанот се случил околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано „Кодра бум“.

22-годишниот управувајќи патничко возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот В.Б. од село Поум, во кое бил и неговиот син 23-годишниот З.Б.

„Според пријавеното, В.Б. и З.Б. излегле од возилото и со секири тргнале кон У.В. со кого од порано имале нерасчистени односи. У.В. испукал повеќе куршуми и ги погодил З.Б.и В.Б., по што заминал од местото и се пријавил во Полициската станица Струга. Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга, каде кај З.Б. била констатирана смрт, додека В.Б. бил задржан на лекување. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости