По страшната трагедија на колеџот во Керч на Крим, медиумите објавија видео кое покажува како 18-годишниот Владислав Росљаков, кој го изврши нападот, се снабдува со арсенал од оружје во една од локалните продавници. Оружјето било купено само неколку дена пред крвавиот напад.
Освен оружјето, кое го купил на 15-ти октомври, тој земал и 150 куршуми. Дозволата за носење на оружје, пак, му била издадена еден месец пред нападот, односно на 8 септември.
Трагедијата повторно ја покренува дебатата за законите кои регулираат носење оружје и зголемување на возрасната граница при издавање на дозволи.
Во меѓувреме бројот на жртви во масакрот се искачи на 20. Меѓу загнатите се 11 малолетни лица, 15 се студенти, а петмина се вработени на факултетот. Хоспитализирани се околу 44 лица, со различен степен на повреди.
Росљаков, инаку, беше ученик во четврта година. Неговото тело со прострелна рана е пронајдено во библиотеката на вториот кат каде се самоубил по нападот. Тој немал криминално досие, не бил агресивен, бил примерен ученик и добивал стипендија.