Видео обраќање на Шекеринска: Нашата земја официјално ќе добие покана за членство во НАТО

by fokus 12:09
12:09

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска непосредно пред самитот на НАТО во Брисел со видео – изјава им се обрати на граѓаните на Република Македонија.

Таа потенцира дека следните два дена Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили, и дека од 2008 година граѓаните видоа што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион.

- Advertisements -

„Утре и задутре во Брисел Република Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили. Нашата земја официјално ќе ја добие поканата за членство во НАТО. Оваа шанса во 2008 година ја пропуштивме и оттогаш натаму, работите тргнаа во погрешен правец. Видовме што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион. Поминувавме низ многу кризи, а државата стагнираше на секое поле. Почитувани сограѓани, во изминативе 10 години едно стана јасно – без отворени перспективи за членство во НАТО и во Европската Унија, иднината на Македонија е несигурна. Членството во НАТО е историска шанса која сега мора да ја искористиме. Со тоа Република Македонија ќе стане партнер и сојузник со најмоќните земји во светот. Членството во НАТО ќе биде стабилност и сигурност за Република Македонија и нејзините граѓани. Но, тоа ќе донесе и шанса за побрз економски развој и просперитет“, вели министерката.

Поврзани новости