Премиерот на Грција Алексис Ципрас го загуби судскиот спор против грчката полиција поради употреба на прекумерка сила на антивладините демонстрации во Атина во 2011. година. Ципрас ја поднесе тужбата од позиција на претседател на тогашната опозициска партија СИРИЗА.
Според пресудата на Врховниот суд на Грција единицата на интервентната полиција не се однесувала „криминално“.
Според тужбата полицијата ги пречекорила своите надлежности и со употреба на солзаев и шок бомби предизвикале тешки повреди на демонстрантите кои потоа одбија да им помогнат да добијат медицинска помош, иако тоа им е должност.
Тужбата беше покрената од Ципрас и група граѓани, а обвинети беа 18 полициски командири.
Судењето по неколку одложувања почна дури шест години подоцна, во октомври 2017. година, а завршено е по 14 рочишта на кои сведочеа и лекари, и други учесници на демонстрациите.
Синдикалното здружение на полициските службеници во соопштение ја поздрави ослободителната пресуда и се заблагодари на праводуството.