ГАЛЕРИЈА Ахмети ја прослави поканата за НАТО во друштво на Бејли, Реџепи и врвот на ДУИ

by fokus

На прославата што ја организираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети во чест на НАТО пред присутните беше прикажано осумминутно видео во кое Ахмети ја објаснува својата посветеност за членството на Македонија во Алијансата во изминатите 17 години.

– НАТО беше и ќе остане еден од важните столбови како гаранција за имплементација на Рамковниот договор, рече меѓу другото Ахмети, посочувајќи дека членството на Македонија во Алијансата ќе и обезбеди поголема безбедност, стабилност и просперитет…

На свеченоста што се организираше во ресторан во центарот на Скопје присуствуваа претседателот на Собранието, пратениците од ДУИ и високи функционери од оваа партија, претставниците на НАТО во Македонија, американскиот амбасадор Џес Бејли и други претставници на дипломатски мисии во Скопје, поглаварот на Исламската верска заедница Рејс Улема Сулејман Реџепи и други.

Поврзани новости