Таравари демантира дека избркал од работа општински службеници

by fokus

Информациите дека новиот градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари избркал од работа општински службеници се чиста лага, велат од Општината по пишувања во дел од медиумите.

-Градоначалникот денес ги посети просториите од општината, се сретна со вработените и ги информираше дека ќе има прераспределба во канцеларите, со единствена цел во иста канцеларија да работат колеги кои вршат задачи од иста област – додаваат од Општината.

Од таму информираат дека денеска во 11 часот Таравари и 31 нови општински советници, добија сертификати од Општинската изборна комисија. При оваа прилика, Таравари им се обрати на присутните граѓани кои собраа пред општинската.

-Ви благодарам за вашата поддршка. Ве уверувам дека од денеска, вратите на општината ќе бидат отворени за сите граѓани. Општината повеќе нема да биде ничија лична сопственост. Општината ќе биде на сите граѓани на Гостивар, без оглед на нивните убедувања, односно политичка, етничка или религиозна припадност  – рече тој.

 

Поврзани новости