559
Притвор за Ѓоко Поповски, поранешниот помошник министер во МВР, кој денеска беше осуден на 9 години затвор, како обвинет во случајот Триста на СЈО. Со ова Поповски денеска ќе биде спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
По изрекувањето на пресудата обвинителката Фатиме Фетаи побара обвинетиот да оди во притвор, како што рече поради висината на досудената казна, но и сумата од 27 милиони денари кои треба да ги плати како отштета.