Имавме обид за пуч од Димитар Апасиев, толку многу фалсификат има направено што ние сме доста убедени дека лесно ќе го добиеме судскиот процес и нема да му дозволиме да ја напрви Левица сателит партија, вели професорот Здравко Савески, за новите состојби во партијата во вечерашната дебата на „Само вистина“.
Тој вели дека нема биде формирана нова партија, иако печатите на Левица се кај Апасиев.
-Апасиев заборави дека Левица е нетипична партија, дека не служи за нечии хирови и унапредувања на лична кариера туку е тука да се бори за интересите на работниците и сиромашните и мисли дека тоа што го има печатот му дава право да прави фалсификати. Но тоа ќе биде докажано. Лесен е случајот од наша страна, бидејќи доста аматерски се направени фалсификатите. Зошто да формираме нова партија кога ја имаме Левица. Ќе останеме и ќе се бориме за интересите на работниците – рече Савески.