Пратениците и дел од собраниската служба денес со купување маички на која е насликан сончоглед се вклучија во кампањата за помош на децата хоспитализирани на Клиниката за онкологија при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Настанот се одржа во сала „Македонија“,каде пред почетокот на денешното продолжение на 53-та седница претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека кампањата се одвива преку купување маичка, која чини 1.230 денари и дека сите средства што ќе бидат собрани од продажбата на маичките директно ќе се донираат за оваа кампања.
– Овој настан уште еднаш ја потврди волјата и желбата на сите пратеници активно да учествуваат во кампањата со која се помага на оние на кои им е најпотребно, рече Џафери.
Оваа активност е во рамки на хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“ што ја спроведува фондацијата „„You are Sunflowеr““ чија цел е подобрување на условите за лекување на децата од најтешките болести, како што се ракот или леукемијата.