Пратеникот на ГРОМ: Северна Македонија да се применува по влезот во ЕУ

by fokus

Пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов, на денешната собраниска седница предложи уставниот амандман кој предвидува внатрешна употреба на името Република Северна Македонија да почне со примена по влезот на земјата во ЕУ и по финализирање на сите други поглавја од Договорот.

Минов порача за овој предлог да разговараат лидерите на власта и на опозицијата како би се постигнал национален консензус.

-Проблемот на Договорот е внатрешната употреба на терминот Република Северна Македонија. Тоа е многу голем влог. Предлагам членот за ерга омнес да не почне да се применува по 5 години од изгласување на уставните амандмани, туку дури по финализирање на сите поглавја и да биде условен со членството во ЕУ. Го предлагам ова до мојот лидер, претседателот на партијата ГРОМ, до мојата коалиција која ја предводи Христијан Мицкоски и до премиерот. Заедно да се усогласите и да излеземе пред парламентот – рече Минов.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на тоа реплицираше дека Договорот од Преспа не може да се менува.

Поврзани новости