Министерството за внатрешни работи објави детали за синоќешната престрелка во Чаир. Според МВР во инцидентот учествувале две лица на 20 и 23 годишна возраст од една страна и 51-годишник од друга. Причина за пукањето биле нерасчистени долгови.
„На 16.08.2018 година околу 19.10 часот пред маркет на ул. „Лазо Трповски“ во Скопје поради нерасчистени должничко-доверителски односи, настанала расправија помеѓу Б.Б. (23) и Р.Б. (20), двајцата од Скопје, од една страна и К.И. (51) од Скопје од друга страна. Во еден момент И.К. извадил пиштол, а Р.Б. се обидел да му го турне пиштолот од раката на К.И.. Притоа, К.И. почнал да пука кон Б.Б. и Р.Б., но тие успеале да побегнат и да останат неповредени. После тоа и К.И. го напуштил местото. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на К.И. и за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.