527
Судот во Велес ги ослободи од обвинение Ордан и Љупчо Георѓиевски кои беа обвинети дека извршиле нарачано убиство на 72 – годишниот старец од велешко Ореше. По речиси една деценија низ судските лавиринти заврши сагата на двајцата браќа.
За случајот познат во јавноста како „Ореше“ зад решетки завршија судии, обвинители, адвокати. Жртва во случајот беше и новинарот Томислав Кежаровски кој одлежа неколку месеци во притвор обвинет дека го открил името на заштитениот сведок.