Судијката Бахчовановска „монтирала“ решение за случајот на Ивона Талевска, СЈО бара одговорност

by fokus

Од СЈО до Советот за утврдување на факти поднесоа преставка за судијката Моника Бахчовановска за нестручно и несовесно вршење на судиската функција, обвинувајќи ја дека постапувајќи во предметот во кој осомничена е новинарката Ивона Талевска, донела „монтирано“ решение, односно го лажирала неговиот датум.

Поточно, според претставката на СЈО, судијката Бахчовановска носејќи одлука по приговор за издвојување на „бомбите“ од доказите во случајот „Тифани“, посочила дека во предвид ги земала и одлуките на Апелација, од кои една од нив, за случајот „Триста“, била донесена дури седум дена по нејзината одлука. Па затоа од СЈО ја прашуваат како е можно однапред да ја знаела одлуката на повисокиот суд?

-Тоа упатува дека Решението XII КООА бр.51/17 на судијата Моника
Бахчовановска од ден 11.09.2017 година всушност е антидатирано решение,
односно истото не е донесено на наведениот датум, туку на некој подоцнежен
датум, што пак понатаму упатува на заклучок дека судијата Бахчовановска при
носењето на наведената одлука постапувала несовесно. Самото антидатирање
на одлуката на судијата Бахчовановска упатува и на злоупотребување на
положбата и пречекорување на службените овластувања. Дополнително, нејасна
е причината за ваквото антидатирање на одлуката донесена на нејавна седница.
Со носењето на ваквата одлука и нејзиното објавување согласно Законот за
управување со движењето на предметите во судовите и донесеното упатство за
начинот на објавување и пребарување на судските одлуки на веб-страницата на
судот, судијата Бахчовановска изнела јавни информации и податоци за судски
предмет за кој во моментот на донесување на одлуката не било правосилно
одлучено. Дотолку пак, не станува збор за антидатирање на одлуката, тогаш
ваквото постапување упатува на друг вид на поведение со кое се врши
злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања,
од аспект на тоа како судијата Бахчовановска можела однапред да ја знае
одлуката на Апелациониот суд Скопје, се вели во преставката на СЈО.

Поврзани новости