Ако може на претседател на Македонија да му се дава легитимитет со 40 отсто излезност, може и на ваков важен процес, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во Брисел.
Во Брисел Османи говореше на македонски, албански и англиски јазик.
Тој рече дека Македонија неповратно се движи кон ЕУ и дека нема назад.
– Граѓаните ја разбираат важноста на моментот, сите испитувања на јавното мислење тоа го покажуваат, сите етнички заедници. Ќе има и излезност и позитивно гласање. Понатаму ќе се влечат другите чекори врз основа на волјата на граѓаните. Целта на референдумот е да се испита политичката волја на мнозинството граѓани – одговори Османи на новинарско прашање.