Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, повеќе пати беше прашан од водителот и од премиерот, Зоран Заев, во вечерашното издание на „Само вистина“ дали ќе го поништи Договорот со Грција доколку дојде на власт. Откако водителот неколку пати го праша истото прашање тој рече:
-Ќе работиме последицата на овој Договор да ја исправиме – рече Мицкоски, но беше различно протолкуван.
Откако Заев инстистираше да одговори на прашањето, водителот рече дека како што сфатил од одговорот на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе работат на тоа да го поништат Договорот.
-Вие си разговарате, јас ве слушам – рече Мицкоски, а Заев уште еднаш го повтори прашањето на што Мицкоски искористи мала пауза за молк и возврати:
-Кажете ми вие дали луѓето кои живеат во северниот дел на Грција зборуваат македонски јазик – рече Мицкоски со што дебатата се вртеше во круг.
Заев одговори дека македонскиот јазик се зборува насекаде во светот и додаде:
-Нема да ме натерате да се скарам со Грција.