Заев тврди дека Мицкоски лаже: Проверив кај Дескоска, никакви амандмани не се доставени

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, тврди дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не ја кажал вистината кога на почетокот од вечерашната дебата на Канал 5 рече дека неговата партија доставила 65 амандмани во Министерството за правда по однос на Законот за јавно обвинителство.

-Не е вистина. Ја барав министерката за правда директно на претходната пауза. Нема никакви амандмани ни во Правда ни во парламентот. Аманте, ќе си одиме од тука со став дека јас не знам, или не сум проверил. Не е вистина тоа што зборувате – рече Заев.

Мицкоски на тоа одговори дека амандманите не се доставени на рака кај министерката, туку во архива во Министерството.

-Нема ниту во архива на Правда ни во архива во Собрание – рече Заев.

 

 

Поврзани новости