Пратеникот, Антонио Милошоски, на сатиричен начин поднесе оставка од сите функции во ВМРО-ДПМНЕ, исмевајќи се на тој начин со бранот повлекувања од функции што ја зафати партијата.
„Јас, Антонио Милошоски, поднесувам неотпивиклива проевропска оставка од сите партиски функции, заради тоа што
1. во Мај 2008ма година го потпишав Договорот за стратешка соработка Македонија – САД, и со тоа сум создал услови за зголемено руско влијание во земјава, кое во овие клучни моменти за нашата партија и држава се појавува како пречка на безалтернативниот евроатлански пат, и
2. затоа што носам лична одговорност што како држава во 2009/10 година добивме безвизен режим за патување со македонски пасош во земјите на ЕУ, а тоа очигледно било само чин на лажен патриотизам кој дополнително не’ втурна во антиевропски изолационизам и меѓупартиски токсични игри.
3. И сатирата е порака!“, напиша Милошоски на својот фејсбук профил.
Инаку, Милошоски застанат зад лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, откако се поголем број истакнати членови почнаа да му откажуваат доверба. Од друга страна, Милошоски беше еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кој се противеше на начинот на кој Мицкоски дојде на власт во партијата.