Данев му ја отстапи координаторската функција на Мицевски: Ќе настојуваме да ги обезличиме политиките на СДСМ

by fokus 11:51
11:51

Драган Данев во текот на вчерашниот ден му ја отстапи координаторската функција на Никола Мицевски за нов координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие на денешната заедничка прес-конференција порачаа дека ќе настапуваат како една пратеничка група и ќе се борат против лошите политики на СДСМ.

- Advertisements -

„Оваа одлука е лично и мислам дека е време да се оди со нов координатор на партијата. Верувам дека како пратеник ќе дадам поголем придонес. Поминавме тешка година и ќе настојуваме да ги обезличиме политиките на СДСМ“, истакна Данев.

Новиот координатор Мицевски истакна дека во Собранието ќе настапуваат како една пратеничка група, за што ќе достават и официјален допис до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Чест ми е што ќе бидам нов координатор на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе настапуваме како една пратеничка група и тоа е нешто за што беше разговарано изминатиот период. Во текот на утрешниот ден ќе доставиме официјален допис дека ќе настапуваме како една пратеничка група“, порача Мицевски.

Поврзани новости