627
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на влезот во Ново Село, Ѓорче Петров денеска околу 14.00 часот, откако „југото“ со кое управувале удрило во бандера.
Според неофицијални извори на „Фокус“ лицата биле онесвестени и биле извлечени од југото од страна на жители од Ново Село. Тие со возило на Брза помош биле пренесени во болница.