Преговорите продолжуваат во Њујорк во присуство на Нимиц

by fokus

Од Министерството за надворешни работи соопштија за новата рунда преговори за името која ќе се случи во Њујор на крајот на неделава. Овој пат преговорите меѓу министрите за надворешни работи ќе бидат во присуство на медијаторот на ОН.

„Министерот за надворешни работи Никола Димитров,  на 24 и 25 мај 2018 год. (четврток и петок) во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц“, велат од МНР.

 

Поврзани новости