571
Комисија составена од неколку гинеколози од Клиниката за гинекологија ја проверуваат здравствената состојба на поранешната министерка за внатрешни работи и обвинета од СЈО, Гордана Јанкулвска.
Бремената Јанкуловска денеска требаше да се јави на преглед закажан по налог на судијката Добрила Кацарска, откако не се појави на судење и достави известување преку адвокатите за породилно отсуство поради ризична бременост.
Кацарска бара од стручната комисија на Гинекологија да ја провери здравствената состојба на поранешната министерка, која е неколку дена пред терминот за породување.