Јанакиески го прекина штрајкот со глад по препорака на лекар

by fokus

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го прекинал штрајкот со глад по препорака на лекари.

Јанакиески штрајкуваше со глас две недели откако беше вратен во притвор како осомничен во истрагата што неодамна ја отвори Јавното обвинителство за продажба на државно градежно земјиште, со што беше опфатено и земјиштето каде требаше да се подигнат шпанските скали.

Според неофицијални информации лекарите го советувале Јанакиески да го прекине штрајкот, за да ја издржи терапјата која ја прима, по што екс министерот писмено ја известил управата на затворот за својата одлука.

Поврзани новости