629
Двајца службеници од Град Скопје со иницијали Ј.С. и Е.С се уапсени утринава по сомнение за злоупотреба на службената положба. Тие работеле на позицијата шалтерски службеници и се осомничени за измама, компјутерски криминал и компјутерски фалсификат.
Според неофицијални информации измамата ја правеле при издавање решенија за данок. Наводно на странките им наплаќале помала сума на данок отколку што им е стигнато во решенијата, а во системот внесувале дека ја наплатиле целосната сума од решенијата и со тоа го оштетиле буџетот на Град Скопје.
Полицијата утринава во барака 16 ги приведе вработените службеници и изврши претрес. Одземена е компјутерската опрема за дополнителна анализа.